По неколкудневниот прекин на сообраќајот Македонска Каменица-Делчево, што настана поради оштетување на поплавен мост на два километра пред Делчево, сообраќајот повторно е воспоставен во двете насоки. Од АМСМ соопштија дека патниот правец А3 Македонска Каменица-Делчево е нормализиоран за сите видови моторни возила.
Останува апелот за внимавние за одрони кои се можни поради сè почестите врнежи. Опасност од можни одрони има по целата делница од овој патен правец, но најмногу на најкриичните точки, посебно на патот Кочани-Македонска Каменица во клисурата пред браната Калиманци меѓу истоименото село и селото Истибања, каде на веќе паднатиот одрон одвреме-навреме пак има одрони поради што патот на места е значително проширен.
Од поројните дождови настана и неколкудневниот прекин на сообраќајот Македонска Камница-Делчево, каде поради санација на мостот неколку дена сообраќајот се одвиваше само по една коловозна лента и тоа за aвтомобили, додека товарните возила се пренасочуваа преку Смојмирово и Виница. Од денеска и оваа забрана е укината и сообраќајот на патниот правец А3 од Кочани, Македонска Каменица и Делчево се одвива без застој.
Т. ЈОВАНОВСКИ