ПО ИЗЛЕТУВАЊЕТО НА КОЛАТА ВО ЛЕПЕНЕЦ, СЕ УДАВИЛЕ БРАЧНА ДВОЈКА И 16-ГОДИШНИОТ СИН, ПОСТАРИОТ БРАТ СЀ УШТЕ Е НА ОПОРАВУВАЊЕ ВО БОЛНИЦА

    ПО ИЗЛЕТУВАЊЕТО НА КОЛАТА ВО ЛЕПЕНЕЦ, СЕ УДАВИЛЕ БРАЧНА ДВОЈКА И 16-ГОДИШНИОТ СИН, ПОСТАРИОТ БРАТ СЀ УШТЕ Е НА ОПОРАВУВАЊЕ ВО БОЛНИЦАТелата на починатите се дадени на обдукција, возачот што ги истурка во реката е во притвор (Фото:МВР)

    Сите патници во автомобилот „БМВ“ со косовски таблички, членови на исто семејство: таткото Н.П., мајката М.П. и нивниот 16-годишен син, се извлечени денеска од МВР од водите на Лепенец – мртви. Се удавиле откако нивната кола вчера попладне во сообраќајна несреќа предизвикана од друго возило кое претекнувало, излета во надојдената матна река.

    Нуркачите на МВР денеска го извадија автомобилот со трите тела. Ова семејство воопшто не успеало да излезе од автомобилот и само потонале и се удавиле.

    Од страотната несреќа спасен е само постариот син на брачната двојка, 21-годишниот Ш.П., кој е хоспитализиран во Болницата „8 Септември“ во Скопје.

    До несреќата дошло кога автомобил фолксваген туран кој претекнувал колона, се доближил до БМВ-то на косовското семејство.

    Туранот е со скопски таблички и е на Б.Б. за кого Обви нителството соопшти дека побарало краткотраен притвор од 48 часа, поради тоа што постоела опасност да побегне.

    Телата на починатите се на обдукција. Обвинителството ги утврдува причините за трагедијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира