ГЕРМАНСКИТЕ ДЕСНИЧАРИ ПЛАНИРААТ КАМПАЊА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА ЕУ

    ГЕРМАНСКИТЕ ДЕСНИЧАРИ ПЛАНИРААТ КАМПАЊА ЗА РАСПУШТАЊЕ НА ЕУАфД се залага за излегувањето на Германија од ЕУ од 2019 (Фото: АФП)

    Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) објави дека на следната предизборна кампања за Европскиот парламент би можела да бара распуштање на Европската Унија или излегување на Германија од неа.

    Трпението со Европската Унија е исцрпено. Затоа бараме законско распуштање на Унијата и на нејзино место да се востанови нова европска економска заедница, односно федерација на европски народи“, соопшти партијата.

    АфД ќе гласа за овој став на својата следна конференција, што ќе се одржи на крајот на јули.

    Оваа партија се залага за излегувањето на Германија од ЕУ од 2019 година и побара Европскиот парламент да биде укинат. Следните избори за Европскиот парламент ќе се одржат во јуни 2024.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира