Двајцата најпознати технолошки милијардери Илон Маск и Марк Закерберг се договорија да имаат тепачка во кафез.
Ова го иницираше Маск, кој објави на Твитер дека е спремен за тепачка со Закерберг. Директорот на „Мета“, во чија сопственост се Фејсбук и Инстаграм, возврати со принтскрин од твитот на Маск, додавајќи „испрати ми локација“, на што Маск одговори со „октагонот во Лас Вегас“.
Октагон е оградено борилиште кое се користи во УФЦ, чие седиште е во Лас Вегас.
И додека 52-годишниот Маск призна дека речиси никогаш не вежба, 13 години помладиот Закерберг има тренирано мешани боречки вештини и неодамна победи на турнир во џиу џицу.