МИЦОТАКИС ПРЕД УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО ГРЦИЈА И ВТОР ПРЕМИЕРСКИ МАНДАТ

    МИЦОТАКИС ПРЕД УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО ГРЦИЈА И ВТОР ПРЕМИЕРСКИ МАНДАТМицотакис распиша нови избори со цел да освои доволно пратенички места за да владее сам (Фото: Интајм)

    Лидерот на конзервативците Кирјакос Мицотакис е на прагот да ги освои вториот премиерски мандат и мнозинството во парламентот, покажуваат излезните анкети по вторите парламентарни избори во Грција за период од еден месец. Тој го победи ривалот Сириза во мај, но веднаш потоа распиша нови избори со цел да освои доволно пратенички места за да владее сам.

    Се очекува Нова демократија да освои 40-44% гласови, додека Сириза е на 16,1-19,1%.

    Денешното гласање се одржа според новиот изборен закон, кој на победничката партија ѝ обезбедува уште 25-50 пратенички места.

    Наспроти лошиот резултат на Сириза на бившиот премиер Алексис Ципрас, новоформираната десничарска партија Спартанци освои 3% гласови и се очекува да влезе во парламентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира