ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА НЕМА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ТУРИСТИЧКИТЕ АРАНЖМАНИ, ВЕЛИ ХОТЕЛСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА

    ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА НЕМА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ТУРИСТИЧКИТЕ АРАНЖМАНИ, ВЕЛИ ХОТЕЛСКАТА АСОЦИЈАЦИЈАСпоред ХОТАМ, малите потрошувачи ќе добиваат слични сметки за струја како и досега, па не се очекува зголемување на цените ниту во хотелското, ниту во приватното сместување. (Фото: СДК.МК)

    Новото поскапување на трујата, кое стартуваше од 1 јули, нема да предизвика нов ценовен удар и нема да ги поскапи туристичките аранжмани, велат од Хотелската асоцијација (ХОТАМ). Според нив, малите потрошувачи или помалите фирми ќе добиваат слични сметки за струја како и досега, па според тоа не се очекува зголемување на цените ниту во хотелското, ниту во приватното сместување.

    „Оваа година имаме подобрени цени. Се надеваме дека ова поскапување нема да е толку значајно и ќе помине полесно од минатата година. За разлика од лани, сега речиси и нема хотел кој нема поставено фотоволтаични централи, а со тоа намалени се трошоците од електричната енергија. Затоа не очекуваме поголем ценовен удар“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

    Цените на аранжманите во време на туристичка сезона на брегот на Охридското Езеро во хотелите со 4 или 5 ѕвезди се движат од 40 евра до 60 евра ноќевање со појадок по лице, што според ХОТАМ, сè уште се најниски во регионот.

    „Ние дестинациски каде што сме, сè уште сме една од поевтините дестинации ако се споредуваме со Хрватска, Црна Гора, Грција па дури и Албанија. Ние сè уште сме од поевтина категорија на сместувачки капацитети. А што е многу важно, услугите се на повисоко ниво“, додава Блажески.

    Енергетската криза хотелскиот сектор силно ја почуствува минатата година, кога салдата на сметките на крајот на годината на поголемите хотели останаа во негатива, поради оргомните трошоци предизвикани од поскапувањето на електричната енергија. Токму порати тоа, голем дел од хотелите на брегот на Охридското Езеро ставија клуч на врата во текот на зимската сезона.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира