УКРАИНА Е ПЕСИМИСТИЧНА ОКОЛУ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ПРЕД САМИТОТ ВО ВИЛНУС

    УКРАИНА Е ПЕСИМИСТИЧНА ОКОЛУ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ПРЕД САМИТОТ ВО ВИЛНУСАмериканскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. (Фото: Твитер)

    Украина е сè попесимистична околу самитот на НАТО во Вилнус во вторник, кога во литванската престолнина ќе се соберат лидерите на земји членки на воената алијанса. Се очекува Киев да добие безбедносни гаранции договорени во последен момент на дводневниот самит, што во превод значи дека долгорочно ќе продолжи да добива воена помош од САД, Велика Британија, Франција и Германија.

    САД и Германија посебно, се против Украина да се приклучи алијансата додека трае војната со Русија, што е разочарување за украинското раководство.

    Дмитро Кулеба, украинскиот министер за надворешни работи, вчера призна дека нема одлука за забрзување на патот на Украина кон членство во НАТО, ниту јасност околу поканата за членство.

    Американскиот претседател Џо Бајден денеска за „Си-Ен-Ен“ изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО и дека треба да се постави рационален пат до членство. Тој додаде дека САД може да ѝ помага на Украина со воена поддршка како што го прави тоа со Израел.

    Киев верува дека членството во НАТО е единствената долгорочна гаранција за безбедноста на Украина.

    „Ако НАТО ѝ вети на Украина членство откако војната ќе заврши, тоа на некој начин ѝ дозволува на Русија да ја одолговлекува војната“, вели Орисја Луцевич, британски експерт за Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира