АРСОВСКА НЕ ДОЈДЕ НА ВОНРЕДНАТА СЕДНИЦА ЗА НЕСОБИРАЊЕТО НА ЃУБРЕТО ВО СКОПЈЕ

    АРСОВСКА НЕ ДОЈДЕ НА ВОНРЕДНАТА СЕДНИЦА ЗА НЕСОБИРАЊЕТО НА ЃУБРЕТО ВО СКОПЈЕНа седницата не дојдоа ниту Арсовска ниту директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ.

    Градоначалничката Данела Арсовска продолжи да го игнорира Советот на Град Скопје  и денеска пак не дојде на вонредната седница.  По барање на советничката група на СДСМ, оваа седница беше закажана во понеделникот поради состојбата со несобирањето на ѓубрето во Скопје. На седницата не дојдоа ниту Арсовска ниту директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ.

    Претседателот на Советот Трајко Славески рече дека не добил известување дека Арсовска нема да дојде.

    „Седницата ја закажав во понеделникот, Арсовска во вторникот ми прати допис во кој се вели дека ѓубрето се собира и дека е нормализирана е состајбата во ‘Комунална хигиена’. Во дописот не се прецизира дека нема да присуствува на седницата“, рече Славески.

    Од советничката група на СДСМ побараа оставка од Арсовска бодејќи е неспособна, нечесна и неодговорна.

    „За ваква сериозна тема градоначалничката ја нема. Повторно молк и неодговорен однос. Арсовска го бликираше Скопје, го остави без превоз, а сега го затрупа во ѓубре. Што е следно, да остане без вода? За првпат Скопје 48 часа на плус 40 степени беше затрупан во ѓубре во мандат на Арсовска, а неа ја нема, градоначалничкото столче како и многупати досега и денес стои празно. Затоа, Арсовска треба да си поднесе оставка”, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ.

    Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска рече дека нема зошто да се одржува седницата и тие меѓусебно да дебатираат кога Арсовска ја нема.

    „Во оваа ситуација нема ништо поважно за градоначалничката освен да биде на седницата и да одговара на прашањата на граѓаните. Барам пауза од 15 минути за да се исконтактира градоначалничката“, рече Андоновска.

    Арсовска е единствен градоначалник на Скопје кој не доаѓа на седници на Советот кога треба да се одговара на советнички прашања или кога се бараат одговори од неа за одреден проблем на вонредна седница. Арсовска се појавува во јавност само кога треба да се кара за политички прашања и не одговара на новинарски прашања туку си ги повторува истите ставови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира