НИКОЛА РИСТАНОВСКИ ДОБИ ФИЛМСКА НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ПАЛИЌ ВО СРБИЈА

    НИКОЛА РИСТАНОВСКИ ДОБИ ФИЛМСКА НАГРАДА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ПАЛИЌ ВО СРБИЈАРистановски е актер со богата театарска и филмска кариера, и во Македонија и во странство. (Фото: Филмски фестивал Палиќ)

    Македонскиот глумец Никола Ристановски е еден од добитниците на наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30. издание на реномираниот Фестивал на европски филм Палиќ (15-21 јули) во Србија. Наградата се доделува од 2020 за исклучителен придонес во европската кинематографија. Лифка бил еден од пионерите на кинематографијата во Средна Европа.

    Покрај Ристановски, добитници на наградата „Александар Лифка“ се и српскиот актер Богдан Диклиќ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и режисерот Андреас Дрезен во категоријата странски дела.

    Ристановски, кој е член на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ),  е актер со богата театарска и филмска кариера, и во Македонија и во странство.

    Европскиот филмски фестивал Палиќ е еден од најзначајните во Србија, а „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова ќе игра главната конкуренција за награди. Годинава во Палиќ Македонија е и Земја во фокус, со шест филмови: „Хомо“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, „Исцелител“ на Ѓорѓе Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира