НЛБ БАНКА ДОНИРАШЕ 150.000 ЕВРА НА ОРГАНИЗАЦИИ КОИ РАБОТАТ СО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

    НЛБ БАНКА ДОНИРАШЕ 150.000 ЕВРА НА ОРГАНИЗАЦИИ КОИ РАБОТАТ СО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИПо 30.000 евра добија Асоцијацијата за цистична фиброза, Клиника за гинекологија, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Црвениот Крст на Град Скопје и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“. (Фото: НЛБ Банка)

    НЛБ Банка донираше 150.000 евра на пет институции и организации кои помагаат ранливи и загрозени категории граѓани. По 30.000 евра добија Асоцијацијата за цистична фиброза, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Црвениот Крст на Град Скопје и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

    Проектот е дел од голема регионална донаторска акција на НЛБ Групацијата. Иницијативата произлезе токму од Групацијата која мотивирана од исклучителните деловни резултати остварени во првиот квартал од годинава и од желбата дел од добивката да ја насочи кон создавање одржлива иднина за сите, одлучи да донира вкупно 1,35 милиони евра на сите пазари каде што е присутна. Вработените во целата НЛБ Групација номинираа близу 100 организации, а потоа со гласање избраа повеќе од 30 приматели во целиот регион меѓу кои здруженија, хуманитарни организации и групи кои покриваат различни области: грижа за деца, грижа за социјално ранливите категории, семејства, стари лица, пациенти со ретки болести и др.

    Ние во НЛБ, одговорноста кон нашите клиенти, вработените и заедницата ја гледаме како наша мисија. Во исто време, добро знаеме дека не можеме сами да го промениме општеството на подобро, туку само здружени и заедно со поединци и организации кои веќе работат на општествено корисни проекти и создаваат подобар свет. Среќни сме кога помагаме, кога мотивираме и инспирираме на добри дела. И не само тука, туку и во целиот наш матичен регион за кој велиме дека не е само точка на мапата, туку наш дом. Им честитам на добитниците и искрено верувам дека овие донации ќе имаат позитивно влијание, ќе помогнат и ќе донесат радост на многу наши сограѓани“, рече претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ.

    Ваквите активности, како што беше посочено и на настанот, ќе продолжат и во иднина, за да се подобри квалитетот на животот во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира