Во серија инциденти во авиони на „Џет2“, еден агресивен патник е исфрлен од авион со полиција кој употребила електоршокови, друг екстремно пијан патник се обидел да ја отвори авионската врата, додека трет патник бил отстранет од летот откако мочал врз брат му.
Полицијата употребила пиштол за електрошокови против непослушен патник на лет на авиокомпанијата „Џет2“ и го отстранила од авионот, откако неговото однесување ги принудило пилотите да го пренасочат авионот кој бил на пат кон Тенерифе, што предизвикало 27-часовно доцнење за патниците. Авионот кој полетал од Единбург беше принуден да слета на островот Порто Санто во Мадеира, Португалија, над 500 километри оддалечен од неговата дестинација, Тенерифе.
На видеото што го објави португалскиот весник „Диарио де нотисијас“ се гледа како 26-годишниот маж е пренесен преку пистата од четворица членови на аеродромското обезбедување облечени во жолти јакни, откако го извадиле од авионот. Во позадина се гледа како втора патничка е исфрлена од авионот од уште двајца полицајци. Додека го носат преку пистата со рацете зад грб, тој се обидувал да се извлече од цврстиот стисок на безбедносниот персонал, но безуспешно. Кога петтиот чувар пристигнал на местото на настанот, патникот облечен во сиви тренерки, сина маица и бели тренерки, агресивно викал кон него.
Португалската полиција соопшти дека „неуредното“ однесување на патникот „покренало непосредна загриженост кај екипажот“. Регионалната команда на полицијата за јавна безбедност во Мадеира соопшти дека странски државјанин е уапсен „за кривично дело непочитување на легитимната наредба на командантот на авионот“. Полицијата рече и дека полицајците биле принудени да користат „електрично оружје со низок смртоносен потенцијал“ за да „гарантираат безбедност на другите патници и членови на екипажот“, откако мажот одбил да соработува.
„Граѓанинот завршил приведен од присутната полиција за кривично дело непослушност, следејќи ги вообичаените процедурални чекори, а летот продолжил до целта“, додаваат оттаму.
Минатиот месец, полицијата изнесе од авионот патник на „Џет2“ откако наводно „мочел врз брат му“ и се впуштил во „тепачка со тупаници“. Обајцата добија парична казна од 50.000 фунти по инцидентот на летот од лондонскиот аеродром Станстед до Крит. Шокиран патник, кој сакаше да остане анонимен, снимил видео на кое се гледа како грчки полицаец го влече по ходникот во авионот едниот од браќата.
На почетокот на овој месец, британски турист кој се враќал од одмор во Турција со сопругата и ќерката тинејџерка морал еден час да го задржува „екстремно пијаниот“ патник, откако тој се заканил дека ќе ја отвори вратата од авионот. Авионот на „Џет2“, кој леташе за Глазгов преполн со туристи кои патуваа дома од Бодрум, беше принуден да слета во Бугарија за да го отстрани патникот.