УКРАИНСКАТА МЕЧУВАЛКА ХАРЛАН ДОБИ СПЕЦИЈАЛНА ПОКАНА ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ ОТКАКО БЕШЕ ДИСКВАЛИФИКУВАНА ЗАШТО ОДБИ ДА СЕ РАКУВА ПОРАЗЕНАТА РУСИНКА

    УКРАИНСКАТА МЕЧУВАЛКА ХАРЛАН ДОБИ СПЕЦИЈАЛНА ПОКАНА ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ ОТКАКО БЕШЕ ДИСКВАЛИФИКУВАНА ЗАШТО ОДБИ ДА СЕ РАКУВА ПОРАЗЕНАТА РУСИНКАСпоред правилата на Меѓународната мечувалска федерација, одбивање ракување по дуел резултира со црн картон и дисквалификација. - Мечувалката Олха Харлан (Фото: Инстаграм)

    Украинската мечувалка Олха Харлан доби автоматско место на Олимпијадата во Париз следната година откако беше дисквалификувана на светскиот шампионат во Италија затоа што одби да се ракува со поразената руска противничка Ана Смирнова претходно неделава.

    Според правилата на Меѓународната мечувалска федерација, одбивање ракување по дуел резултира со црн картон и дисквалификација.

    Поради дисквалификацијата, Харлан не може да ги собере потребните бодови за норма за учество на Олимписките игри во Париз.

    Но, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах лично интервенираше и изрази поддршка за Украинката.

    Тој кажа дека ИОК ќе ѝ понуди на Харлан автоматско место на Олимпијадата во Париз поради нејзината „уникатна ситуација“, споменувајќи ја војната во Украина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира