ПОД КОНТРОЛА СЕ ПОЖАРИТЕ ВО НЕГОТИНО И ДЕМИР КАПИЈА, ВЕЛИ АНГЕЛОВ

    ПОД КОНТРОЛА СЕ ПОЖАРИТЕ ВО НЕГОТИНО И ДЕМИР КАПИЈА, ВЕЛИ АНГЕЛОВОд пожарот во боровата т.н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино. (Фото: ЦУК)

    Под контрола е ставен силниот пожар во боровата т. н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

    „Бидејки немаше потреба од второ дејство на авионот на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), хеликоптер на МВР со ведро од 1 тон во два наврати прецизно дејствуваше врз пожарот во боровата т.н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино каде во моментов силниот пожар од страна на територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци е ставен под контрола. Се очекува и третиот налет на хеликоптерот на МВР после што ќе се повлече во неговата база“, вели Ангелов.

    Вториот хеликоптер на МВР со ведро од 3 тона дејствувал во три наврати врз пожарот во месноста Мал Раковец во Демир Капија, со што пожарот благодарение на територијалната против пожарна единица и хеликоптерот е локализиран, додава тој.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира