УГИНАА ДВА КОЊА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА, БИЛЕ ОТРУЕНИ

    УГИНАА ДВА КОЊА ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА, БИЛЕ ОТРУЕНИВработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени. (Фото: СДК.МК)

    Вчера попладне во скопската Зоолошка градина угинаа два коња. Случајот е пријавен во полиција и според првичните информации животните се отруени.

    „На 29.07.2023 во 15.40 часот вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени. Се работи на расчистување на случајот”, велат од МВР.

    Во Зоолошката градина во мај угина и жирафата Каспер. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина беше констатирано инфекцијата салмонела. Оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира