ОХРИДСКО ЛЕТО ГО СЛАВИ 63. РОДЕНДЕН СО ВЕЧЕР НА ФАДО

    ОХРИДСКО ЛЕТО ГО СЛАВИ 63. РОДЕНДЕН СО ВЕЧЕР НА ФАДОДиректорката на фестивалот, Наташа Поповиќ (во средина) со селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска денеска со торта го одбележаа роденденот на Охридско лето. (Фото: Охридско лето)

    Шеесет и третиот роденден на Охридско лето вечерва (21 часот) ќе биде прославен со португалска фадо музика и Жуана Амендоира на сцената Долни Сарај. Амендоира ќе настапи во придружба на Педро Амендоира на португалска гитара и Жуао Фелипе на фадо гитара.

    Амендоира ѝ припаѓа на новата генерација на фадо уметници. Има 20-годишна кариера 10 издадени албуми, имала турние низ цел свет: Холандија, Шпанија, Франција, Австрија, Италија, Белгија, Шведска, Велика Британија, Унгарија, Литванија, Јапонија, Јужна Кореја, Бразил, Аргентина, Индија, на концерти и на значајни фестивали

    Директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ на денешната прес-конференција кажа дека богатата историја на Фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена.

    „Со огромна почит, вечно ќе и благодариме на Ана Липша-Тофовиќ која во 1961 под сводовите на прекрасната ‘Света Софија’ го означи раѓањето на најголемата културна манифестација во земјава и ни овозможи да ја славиме врвната уметност, да и се радуваме на убавината и да создаваме трајни вредности. Нејзиното име ќе го слават и бројни генерации после нас“, кажа Поповиќ.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира