ГЕРМАНИЈА ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ЗЕЛЕНА ТЕХНОЛОГИЈА БЕЗ ДА ЈА ИЗВЕСТУВА ЕУ, МИНИСТЕРОТ ХАБЕК ВЕЛИ ДЕКА ТАКА ЌЕ ЗАШТЕДАТ ВРЕМЕ И ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД БИРОКРАТИЈА

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ СУБВЕНЦИОНИРА ЗЕЛЕНА ТЕХНОЛОГИЈА БЕЗ ДА ЈА ИЗВЕСТУВА ЕУ, МИНИСТЕРОТ ХАБЕК ВЕЛИ ДЕКА ТАКА ЌЕ ЗАШТЕДАТ ВРЕМЕ И ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД БИРОКРАТИЈАМинистерот за економија Хабек постојано критикува дека за одлуките на ниво на ЕУ потребно е премногу време. (Фото: ДПА)

    Германскиот министер за економија Роберт Хабек планира да ги забрза инвестициите во климатско неутрални технологии со нова програма за помош на компаниите. Субвенции ќе бидат давани за производство на батерии, соларни панели, ветерници, топлотни пумпи, опрема за заробување на јаглерод диоксид и други компоненти.

    Според министерството, програмите на сојузната и покраинските влади за поддршка веќе не мора да бидат пријавувани во Европската комисија. Тоа ќе заштеди многу време и ќе ја намали бирократијата, додаваат од министерството. Министерот Хабек постојано критикува дека за одлуките на ниво на ЕУ потребно е премногу време.

    Помошта ќе биде во форма на директни грантови или во форма на даночни олеснувања. Вкупниот износ на помошта е максимум 150 милиони евра по компанија.

    „Потребен ни е далеку поголем капацитет за производство на ветерници, фотоволтаици, топлотни пумпи, батерии, како и нивни компоненти. Сакаме технолошки суверена индустрија која може да произведува голем број централи за генерирање електрична енергија од обновливи извори во Германија“, вели Хабек.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира