ЕВН ВЛЕЗЕ ВО СЛУПЧАНЕ ДА ЈА МОДЕРНИЗИРА МРЕЖАТА, ЖИТЕЛИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ СТРУЈА КОЛКУ ШТО ЌЕ ПОТРОШАТ, ВЕЛИ ДОГОВОРОТ

    ЕВН ВЛЕЗЕ ВО СЛУПЧАНЕ ДА ЈА МОДЕРНИЗИРА МРЕЖАТА, ЖИТЕЛИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ СТРУЈА КОЛКУ ШТО ЌЕ ПОТРОШАТ, ВЕЛИ ДОГОВОРОТСпоред договорот, секој ќе плаќа колку што ќе потроши и нема да има привилегирани. Жителите кои што се социјални случаи и имаат заостанат долг ќе го плаќаат на рати, како што е случај и во другите места. (Фото: СДК.МК)

    Откако вчера бил потпишан договорот, екипите на ЕВН  денеска влегле во липковското село Слупчане и ги започнале подготовките за модернизација на електричната мрежа во селото. Претставникот на локалното население и советник во Советот на Општина Липково, Иљаса Абази, вели дека е постигнат договор кој е во согласност со законот и на обострано задоволство на двете страни. Се надева дека тој ќе се почитува и повеќе ќе нема вакви недоразбирање.

    „Според договорот, секој ќе плаќа колку што ќе потроши и нема да има привилегирани. Жителите кои што се социјални случаи и имаат заостанат долг ќе го плаќаат на рати, како што е случај и во другите места.  Мислам дека ЕВН  ќе нема проблеми да ги постави броилата и бандери за новата мрежа, со што очекуваме да се решат и проблемите со честите дефекти“, кажа Абази.

    За предлогот да се плаќа по 3.000 денари вели дека бил повеќе бил како препукување, бидејќи со некои раководители на ЕВН која е приватна компанија, на стартот имале недоразбирања.

    Од ЕВН потврдија дека екипите на Електродистрибуција денеска ќе започнат со работа во селото Слупчане и дека законите кои важат за сите корисници во државата, ќе продолжат да важат и понатаму и во селото.

    Жителите на Слупчане го блокираа влезот на селото на почетокот на минатиот месец, откако почнало поставувањето на електрични броила. Тогаш ЕВН обвини  дека во Слупчане кражбите на електричната енергија се околу 80 отсто, а наплатата е само 20 проценти. Поради тоа жителите доставија барања од ЕВН, како простување на долговите, нови приклучоци за 6.000 денари, потоа сметките да не можат да бидат повисоки од 3.000 денари без разлика на потрошената струја.

    По неколкунеделните натегања и преговори, на кои гаранција беа политичарите, се најде решение на проблемот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира