ЗА ПРВПАТ МАЈКА И ЌЕРКА ОТИДОА ВО ВСЕЛЕНАТА СО РАКЕТАТА НА ВИРЏИН ГАЛАКТИК

    ЗА ПРВПАТ МАЈКА И ЌЕРКА ОТИДОА ВО ВСЕЛЕНАТА СО РАКЕТАТА НА ВИРЏИН ГАЛАКТИКАнастатија Мајерс и мајка ѝ Кеиша Шахаф на наградна игра освоија билет за вториот комерцијален вселенски лет на Вирџин Галактик. (Фото: Вирџин Галактик)

    Анастатија Мајерс, 18-годишна студентка на Универзитетот Абердин и нејзината мајка Кеиша Шахаф (46), денеска станаа првите мајка и ќерка кои отидоа на работ на вселената, патувајќи со ракетен авион на Вирџин Галактик на вториот комерцијален вселенски лет.

    „Тие се официјално астронаути!“ рече контролата на мисијата кога достигнаа околу 85 километри.

    Кеиша, од Антигва, ја освои наградата летајќи за Обединетото кралство, каде што студира нејзината ќерка. На ракетата им се придружи Џон Гудвин (80), поранешен британски олимписки кануист. Гудвин, кој има Паркинсонова болест, го купил билетот за вселената за 250.000 долари во 2005.

    На врвот на нивниот лет, тие можеа да ја видат заобленоста на Земјата и темнината на вселената. Ракетата безбедно слета во Ново Мексико, на југот на САД.

    Мајерс, студентка по филозофија и физика од втора година замина од Карибите за да студира во Шкотска и рече дека таа одлука довела до можност да оди на денешното патување. Кеиша, тренер за здравје и благосостојба, доби место на вториот комерцијален лет на Вирџин Галактик откако виде оглас за наградната игра додека била на лет за Британија за да ја среди визата на ќерка ѝ. Анастатија – која исто така е втората најмлада личност која отиде во вселената, претходно рече дека се надева оти ќе може да го искористи искуството за да ги инспирира другите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира