Француската влада ќе издвои 200 милиони евра за уништување на вишокот вино и поддршка на производителите.
Хиперпроизводството, кризата и зголемувањето на трошоците за живот ја погодуваат и индустријата. Се бележи пад на побарувачката за вино, бидејќи сѐ повеќе луѓе пијат пиво.
Поголемиот дел од 200 милиони евра ќе бидат искористени за откупување на вишок залихи, а алкохолот ќе се продава за употреба во производи како средства за дезинфекција на раце, производи за чистење и парфеми.
Во обид да се намали хиперпродукцијата, француската влада пари ќе предвиди и за лозарите за да се пренасочат кон друга дејност како на пример производство на маслинки.
„Влада има за цел да го спречи паѓањето на цените за да можат производителите на вино повторно да имаат заработка“, рече министерот за земјоделство Марк Фесно.
Податоците на Европската комисија покажуваат дека годинава до јуни потрошувачката на вино е намалена за 7% во Италија, 10% во Шпанија, 15% во Франција, 22% во Германија и 34% во Португалија.