ГЕРМАНИЈА ПРВПАТ СТАНА СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО КОШАРКА, ЈА ПОБЕДИ СРБИЈА ВО ФИНАЛЕТО

    ГЕРМАНИЈА ПРВПАТ СТАНА СВЕТСКИ ШАМПИОН ВО КОШАРКА, ЈА ПОБЕДИ СРБИЈА ВО ФИНАЛЕТОПрегратка на најдобрите играчи на Германија и Србија, Шредер и Богдановиќ. (Фото: ФИБА/принтскрин)

    Денис Шредер постигна 28 поени, Франц Вагнер додаде 19 и Германија ја продолжи серијата без пораз на Светското првенство во Филипини со победа од 83:77 против Србија во финалето. Ова е прва титула за Германија на светските првенства, а досега најголем успех беше бронзата во Индијанаполис во 2002 година.

    Германија стигна до титулата со осум победи и стана петтиот светски шампион што дошол до титулата без пораз.

    Алекса Аврамовиќ постигна 21 поен, а Богдан Богдановиќ додаде 17 за Србија, која го доживеа вториот пораз во финале на последните три светски првенства. Србија загуби со 129:92 во финалето во 2014 година и малку се очекуваше од оваа селекција летово, пред сè бидејќи најдобриот српски играч, Никола Јокиќ, реши да не игра и да се одмори за следната сезона во НБА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира