ТУРЦИЈА БИ МОЖЕЛА ДА СЕ РАЗДЕЛИ ОД ЕУ, КАЖА ЕРДОГАН

    ТУРЦИЈА БИ МОЖЕЛА ДА СЕ РАЗДЕЛИ ОД ЕУ, КАЖА ЕРДОГАНЕрдоган вели дека Европската Унија се обидува да се оддалечи од Турција (Фото: АП)

    Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција би можела да се раздели од Европската Унија ако биде неопходно. Ова следува по неодамнешниот извештај на Брисел, во кој е наведено дека пристапниот процес на Турција со ЕУ не може да продолжи под сегашните околности и повика да се истражи „паралелна и реалистична рамка“ за врските со Анкара.

    Турција е официјална кандидатка за членство во ЕУ веќе 24 години, но пристапните преговори се во застој со години поради загриженоста на Брисел за кршење на човековите права и непочитување на владеењето на правото.

    Европската Унија се обидува да се оддалечи од Турција. Ние ќе ги направиме нашите проценки за ваквиот развој и ако биде неопходно, ќе се разделиме од ЕУ“, изјави Ердоган пред патувањето за САД.

    Турското министерство за надворешни работи оваа недела кажа дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди и има плиток и невизионерски пристап кон врските на Турција со ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира