САД Ѝ ПРАТИЈА НА УКРАИНА ЗАПЛЕНЕТА МУНИЦИЈА ОД ИРАН, ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ЗАЛИХИТЕ ИМ СЕ ПРИ КРАЈ

    САД Ѝ ПРАТИЈА НА УКРАИНА ЗАПЛЕНЕТА МУНИЦИЈА ОД ИРАН, ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ЗАЛИХИТЕ ИМ СЕ ПРИ КРАЈНајголем дел од муницијата што сега ја троши Украина доаѓа од НАТО (Фото: ЕПА)

    САД ѝ испратија 1,1 милион куршуми на Украина кои биле запленети од Иран, што се случува во периодот кога западните сојузници се жалат дека нивните залихи на муниција се при крај. Централната команда на САД, која ги надгледува операциите на Блиски Исток, кажа дека муницијата била запленета во декември, од брод кој пловел кон Јемен, каде што веќе со години трае граѓанска војна.

    Американската влада станала сопственик на муницијата во јули преку процес на граѓанско одземање, кој овозможува запленување доколку претходниот сопственик бил вклучен во криминални активности. Иран ги поддржува хутските бунтовници во војната во Јемен, но трансферот на оружје за групата беше забранет со резолуција на Советот за безбедност од 2015.

    На разговорите за снабдувањето на Украина со оружје на Варшавскиот безбедносен форум, претседателот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, вчера кажа дека се наѕира дното на бурето. Тој истакна дека владите и производителите на оружје мора да го засилат производството на многу повисоко темпо.

    Како резултат на децении недоволно инвестирање, дури и на почетокот на војната, залихите на муниција на членките на НАТО беа полуполни, па дури и попразни. Економијата што заеднички ја градевме во последните 30 години е добра за многу работи, но не и за нашите вооружени сили кога во тек е војна“, изјави адмиралот Бауер.

    Украинската војска троши илјадници гранати секој ден и најголем дел од нив доаѓаат од НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира