ИЗРАЕЛ РАКЕТИРАШЕ АЕРОДРОМИ ВО СИРИЈА И ЈА ЗАСИЛУВА ГРАНИЦАТА СО ЛИБАН

    ИЗРАЕЛ РАКЕТИРАШЕ АЕРОДРОМИ ВО СИРИЈА И ЈА ЗАСИЛУВА ГРАНИЦАТА СО ЛИБАНВо воздушните напади на Газа загинаа над 1.400 Палестинци, меѓу кои и 447 деца (Фото: АП)

    Сириските провладини медиуми објавија дека Израел ги ракетирал аеродромите во Дамаск и Алепо, при што биле оштетени пистите и двата аеродрома биле ставени вон функција. Новинската агенција САНА извести дека двата аеродрома биле погодени истовремено со серија проектили.

    Тоа се први израелски удари на Сирија откако Хамас во саботата го изведе смртоносниот напад во јужен Израел, убивајќи повеќе од 1.000 цивили.

    Израел денеска соопшти дека ќе ја засили својата северна граница со Либан, каде што ќе биде распореден голем дел од новомобилизираните 360.000 воени резервисти. Во изминатите денови имаше размена на артилериски оган помеѓу Израел и милитантите кои делуваат во Либан, како Хезболах и Исламски џихад, при што вчера загинале тројца израелски војници.

    Денеска во Тел Авив пристигна државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, за да му изрази поддршка на Израел, порачувајќи дека Америка секогаш ќе биде на негова страна.

    Секој што сака мир и правда мора да го осуди теророт на Хамас, кој има само една агенда – да го уништи Израел. Во исто време, мора по секоја цена да се избегнат цивилни жртви од која било националност“, изјави Блинкен.

    За тоа време расте бројот на жртви на двете страни: во Израел се убиенн 1.300 луѓе, а во воздушните напади на Газа загинаа над 1.400 Палестинци, меѓу кои и 447 деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира