ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА НА 1,1 МИЛИОН ЖИТЕЛИ НА ГАЗА, НА КОЈА ЗА ШЕСТ ДЕНА ПАДНАЛЕ 6.000 ПРОЕКТИЛИ

    ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА НА 1,1 МИЛИОН ЖИТЕЛИ НА ГАЗА, НА КОЈА ЗА ШЕСТ ДЕНА ПАДНАЛЕ 6.000 ПРОЕКТИЛИИзраел навести дека ќе лансира копнена офанзива во Газа (Фото: АП)

    Израелската војска им кажа на Обединетите нации дека сите кои живеат северно од Вади Газа би требало да се преселат во јужна Газа во следните 24 часа. Се проценува дека на тој простор живеат 1,1 милион луѓе, што е околу една половина од вкупното население во Појасот Газа, а тука се наоѓа и густо населениот град Газа. Вади Газа е речна долина сместена во центарот на Појасот Газа.

    Предупредувањето беше издадено синоќа пред полноќ по локално време и беше осудено од Обединетите нации, кои побараа наредбата да биде повлечена, сметајќи дека евакуацијата е невозможна и ќе има катастрофални хуманитарни последици.

    Израел се подготвува за копнена офанзива во Газа, откако на границата распореди десетици илјади војници и тешка артилерија.

    Ќе можете да се вратите во градот Газа дури откако ќе биде објавено ново соопштение што ќе го дозволи тоа. Им препорачуваме на цивилите да се евакуираат заради нивна безбедност и за да се дистанцираат од терористите на Хамас кои ги користат како човечки штит. Во следните денови, Израелските одбранбени сили ќе продолжат значително да дејствуваат во градот Газа и затоа сакаме да избегнеме цивилни жртви што е можно повеќе“, објави ИДФ.

    Израелската војска соопшти дека за шест дена паднале 6.000 проектили на илјадници цели на Хамас во Газа, што е рамно на 4.000 тони експлозив. Во воздушните напади загинале над 1.400 луѓе.

    Цивилите не се нашиот непријател. Сакаме да ги минимизираме цивилните жртви додека ги напаѓаме целите во Газа. Знаеме дека евакуацијата не е лесен процес и ќе треба време“, изјави портпаролот на војската Џонатан Конрикус.

    Израел воведе целосна опсада на Појасот Газа, прекинувајќи го снабдувањето со струја, вода, храна и гориво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира