СТОТИЦИ ТОНИ ПОМОШ ЗАГЛАВЕНИ ВО ЕГИПЕТ ЗАШТО ИЗРАЕЛ НЕ ГО ОТВОРА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН РАФА

    СТОТИЦИ ТОНИ ПОМОШ ЗАГЛАВЕНИ ВО ЕГИПЕТ ЗАШТО ИЗРАЕЛ НЕ ГО ОТВОРА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН РАФАНад милион луѓе досега ги напуштиле своите домови во очекување на офанзивата (Фото: АП)

    Границата меѓу Газа и Египет останува затворена, и покрај претходните извештаи дека е договорено примирје за да можат да излезат странските државјани и да се овозможи влегувањето на хуманитарната помош. Голем број луѓе се собрани кај преминот Рафа, единствениот излез од Газа што не е под целосна контрола на Израел.

    Моментално сите излези од Газа се блокирани, поради што и хуманитарната помош не може да влезе во енклавата, која, според жителите, ноќеска била изложена на најжестоките воздушни напади откако е почнат конфликтот пред девет дена. Бомбардирањето продолжило и во текот на денот. Над милион луѓе досега ги напуштиле своите домови во очекување на копнената офанзива.

    И покрај дипломатските напори, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека нема примирје во Газа и дека израелските сили продолжуваат со операцијата.

    Израел воведе целосна блокада на Газа додека се подготвува за копнена офанзива против Хамас. Во воздушните напади загинале најмалку 2.750 луѓе, речиси 10.000 се ранети, а над 1.000 се водат како исчезнати и се верува дека се под урнатините. Додека снемуваат храна, вода и гориво, стотици тони помош од неколку држави се заглавени на полуостровот Синај, додека се чека договор за нејзина безбедна испорака. Египет кажа дека Израел не соработува за да се реши проблемот.

    Каиро вели дека граничниот премин Рафа не е официјално затворен, но не е функционален поради израелските воздушни напади на Газа.

    Постои итна потреба да се ублажи страдањето на цивилите во Газа. Израелската влада досега не се изјасни за отворањето на преминот Рафа од страната на Газа“, изјави египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира