ЕРДОГАН КОНЕЧНО ЈА ПОТПИША АПЛИКАЦИЈАТА НА ШВЕДСКА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО И ЈА ИСПРАТИ НА РАТИФИКАЦИЈА ВО ПАРЛАМЕНТОТ

    ЕРДОГАН КОНЕЧНО ЈА ПОТПИША АПЛИКАЦИЈАТА НА ШВЕДСКА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО И ЈА ИСПРАТИ НА РАТИФИКАЦИЈА ВО ПАРЛАМЕНТОТШведска и Финска заедно аплицираа да станат членки на НАТО во мај 2022 година. Финска веќе е член на алијансата. - Турскиот претседател Ердоган (Фото: Твитер)

    Турската влада денеска ја испрати апликацијата на Шведска за членство во НАТО на ратификација во турскиот парламент, ставајќи крај на осуммесечното чекање дали Анкара ќе го одобри барањето на Швеѓаните да се приклучат на алијансата.

    „Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО беше потпишан од претседателот Реџеп Тајип Ердоган на 23 октомври 2023 година и испратен во Големото национално собрание на Турција“, соопштија од кабинетот на Ердоган.

    Шведскиот премиер Улф Кристерсон го поздрави потегот.

    Турција долго време го блокираше членството на Шведска, критикувајќи го Стокхолм дека прибира членови на турски опoзициски групи кои владата на Ердоган ги смета за терористи.

    „Сè уште е нејасно колку долго време ќе им треба на турските пратеници“, кажа западен дипломат.

    Шведска и Финска заедно аплицираа да станат членки на НАТО во мај 2022 година, прекинувајќи ја долгата традиција на неутралност по руската инвазија на Украина. Финска веќе стана членка, додека Шведска чека на одобрување од Турција, но и од Унгарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира