„ТАЈНАТА СОБА“ НА МИКЕЛАНЏЕЛО ВО ФИРЕНЦА СЕ ОТВОРА ЗА ЈАВНОСТ, НЕДЕЛНО ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ВИДАТ САМО 100 ЛУЃЕ

    „ТАЈНАТА СОБА“ НА МИКЕЛАНЏЕЛО ВО ФИРЕНЦА СЕ ОТВОРА ЗА ЈАВНОСТ, НЕДЕЛНО ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ВИДАТ САМО 100 ЛУЃЕСобата се користела за складирање јаглен до 1955, а потоа била затворена и заборавена со години. (Фото: АП)

    Поранешно складиште за јаглен каде што големиот ренесансен уметник Микеланџело наводно се криел од разбеснетиот папа Климент Седми ќе биде отворено за јавност на 15 ноември, соопшти Музејот на капелата Медичи. „Тајната соба“ на Микеланџело се наоѓа во музејот и содржи скици на човечки фигури, за кои се верува дека ги нацртал уметникот, кој се засолнил таму во 1530 година.

    Собата е мала, долга е десет метри, а широка три метри. Официјалните лица ја откриле просторијата во 1975 кога барале начин да направат нов излез од капелата Медичи. Тогашниот директор на музејот верувал дека цртежите се дело на Микеланџело, рече сегашната директорка Паола Д’Агостино. Дебатата за ова прашање започна тогаш и трае до денес.

    Д’Агостино потенцира дека експертите за Микеланџело не веруваа дека тој ги создал делата кога беа откриени пред 50 години.

    „Другите имаа поумерено гледиште, во смисла дека мислеа дека некои би можеле да бидат од Микеланџело, а други од негови следбеници. Значи, дебатата е во тек“, вели таа.

    Собата се користела за складирање јаглен до 1955 година. Потоа била затворена и заборавена со години, а вратата била скриена зад мебелот. Самите цртежи се откриени под два слоја гипс.

    Почнувајќи од 15 ноември, мали групи од по четворица луѓе ќе можат да ја посетат просторијата на околу 15 минути. Посетителите ќе треба да платат дополнителни 20 долари, покрај 10-те долари што се наплаќаат за влез во главниот музеј.

    Музејот рече дека го ограничува бројот на посетители поради потребата да се намали изложеноста на уметничките дела на светлина. Најмногу 100 лица ќе можат да одат во собата секоја недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира