КУЧЕ ПРЕЖИВЕАЛО 10 НЕДЕЛИ ВО ПЛАНИНИТЕ ВО КОЛОРАДО ПОКРАЈ СВОЈОТ МРТОВ СОПСТВЕНИК

    КУЧЕ ПРЕЖИВЕАЛО 10 НЕДЕЛИ ВО ПЛАНИНИТЕ ВО КОЛОРАДО ПОКРАЈ СВОЈОТ МРТОВ СОПСТВЕНИКРич Мур (71) и неговиот териер Фини го искачувале врвот Блекхед на 19 август, но никогаш не се вратиле дома (Фото: Гети)

    Куче е пронајдено живо покрај мртвото тело на неговиот сопственик, десет недели откако исчезнале во планините на Колорадо. Спасувачите кажаа дека кучето веројатно преживеало хранејќи се со мали животни.

    Рич Мур (71) и неговиот териер Фини го искачувале врвот Блекхед на 19 август, но никогаш не се вратиле дома. Телото на Мур било пронајдено на 30 октомври, а покрај него бил Фини.

    Ова е неверојатна приказна за преживување и посветеност“, кажаа спасувачите.

    Тие претходно со денови неуспешно го пребарувале просторот меѓу врвот и стрмната западна страна на планината, каде што се наоѓал автомобилот на Мур. Неговото тело било пронајдено од еден ловец на 2,5 километри од врвот, додека Фини бил жив, но изгубил половина од својата претходна тежина. Кучето прво било однесено на ветеринар и потоа било вратено во семејството Мур.

    Фини веројатно преживеал ловејќи мали животни како глувци, но некако успеал да ги избегне големите предатори, како пуми, којоти и мечки. Среќни сме што Фини се врати во семејството бидејќи тие сѐ уште го имаат ова прекрасно, лојално куче“, изјави Делинда Ванебрајтин од волонтерската спасувачка група „Таос“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира