НА МЕЧОТ СО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО УИГРУВАМЕ ТИМОТ ЗА ЕП, КАЖА СЕЛЕКТОРОТ НА АНГЛИЈА, ГЕРЕТ САУТГЕЈТ

    НА МЕЧОТ СО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО УИГРУВАМЕ ТИМОТ ЗА ЕП, КАЖА СЕЛЕКТОРОТ НА АНГЛИЈА, ГЕРЕТ САУТГЕЈТСаутгејт и Деклан Рајс на прес-конференцијата во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонија ќе игра за гордост, а Англија за уигрување на тимот за Европското првенство во Германија. Вака селекторот на Англија, Герет Саутгејт, го најави утрешниот дуел Македонија-Англија на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје, со кој се затвораат квалификациите за ЕП 2024.

    Англија одамна го обезбеди пласманот и во Скопје ќе биде без некои од своите најдобри играчи, за што делумно се виновни и повредите. Од таа причина отпаднаа Џејмс Мадисон и најдобриот млад фудбалер на светот, Џуд Белингем, а последното откажување дојде денеска, кога Киран Трипие се повлече од тимот од приватни причини.

    За Македонија овој меч е прашање на гордост, ривалот беше тешко ранет на првата средба во Манчестер. Ние повторно очекуваме добар резултат. Ова е еден од натпреварите на кој го склопуваме и уигруваме тимот за Европското првенство. Сите се свесни дека имаат конкуренција. На последниот меч со Малта не бевме на ниво и затоа мора да ја подобриме ефикасноста“, изјави Саутгејт на прес-конференцијата во Скопје.

    Англичаните, кои се без пораз од Светското првенство во Катар, нема да имаат тренинг во Скопје, а мечот се игра утре од 20:45 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира