ИМА ПРИЧИНИ ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ВЕЛИ СТОЛТЕНБЕРГ

    ИМА ПРИЧИНИ ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ВЕЛИ СТОЛТЕНБЕРГСтолтенберг попладнево пристигна во Скопје и одржа средба со премиерот Димитар Ковачевски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Безбедноста на Западен Балкан е важна за НАТО и тука има причини за загриженост, кажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Скопје. Столтенберг попладнево пристигна во Скопје и одржа средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што двајцата имаа заедничка прес-конференција. По средбата со Ковачевски, Столтенберг ќе се обрати во Собранието.

    „Во Босна и Херцеговина се појавија тензии и тука ги охрабрувам политичките лидери да се воздржат од поделбени и сецесионистички реторики и наместо тоа да ги концентрираат своите напори на помирување и на мирна иднина. Во Косово неодамна видовме инциденти со сериозно насилство што вклучуваше и неприфатлив напад на мировниците на КФОР и оние кои го сторија тоа треба да одговараат. Белград и Приштина мора да се впуштат во дијалогот кој што е олеснет од ЕУ затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до решение кое ќе ги почитува правата на сите заедници. Исто така гледам и авторитарни држави кои што сакаат да ги поткопаат нашите слобода и начин на живот, вклучително и тука на Западен Балкан. Шират дезинформации, сеат поделби и ја поткопуваат демократијата“, рече Столтенберг на прес-конференција во Владата.

    За Македонија, тој рече дека сме ценет сојузник на НАТО.

    „Вие придонесувате кон безбедноста и стабилноста на Западен Балкан преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово. Решени сте да дојдете до два проценти од БДП потрошени на одбраната до следната година, а Северна Македонија силно ја осуди и руската агресија против Украина. Се приклучивте на ЕУ во наметнувањето санкции кон Москва и нудите воена и финансиска поддршка на Украина. Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од авионите на НАТО, и ова е всушност солидарноста на НАТО на дело“, кажа Столтенберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира