БРАЗИЛСКАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА ДАНИ АЛВЕС СЕ СООЧУВА СО ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕ

    БРАЗИЛСКАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА ДАНИ АЛВЕС СЕ СООЧУВА СО ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕАлвес е во затвор без право на кауција откако беше уапсен во јануари (Фото: Гети)

    Шпанските обвинители бараат девет години затвор за бразилската фудбалска легенда Дани Алвес, на кого ќе му се суди за наводен сексуален напад извршен минатиот декември. Алвес е во затвор без право на кауција откако беше уапсен во јануари под обвинение дека силувал една девојка во ноќен клуб во Барселона.

    Тој тврди дека имале консензуален секс откако претходно негираше дека имал каков било сексуален однос со неа. Јавниот обвинител на Барселона побара од Алвес да ѝ плати отштета на жртвата од 150.000 евра.

    Во август, судот во Барселона и формално го обвини Алвес и потоа заклучи дека има доволно докази за да се оди на судење. Засега не е одреден датум на почетокот на судењето.

    Во Шпанија, тврдењето за силување се истражува под општо обвинение за сексуален напад и пресудите можат да доведат до затворски казни од четири до 15 години.

    Алвес, кој играше за Барселона од 2008 до 2016, е еден од најтрофејните играчи во историјата на фудбалот. Со Бразил има настапено на три светски првенства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира