ЛЕКАРСКАТА КОМОРА И ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПАЦИЕНТИ ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ПО ПРОЦЕСОТ НА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИ

    ЛЕКАРСКАТА КОМОРА И ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПАЦИЕНТИ ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ПО ПРОЦЕСОТ НА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИПретседателката на Комората проф. д-р Калина Гривчева-Старделова потпша меморандум за соработка со осум здруженија на пациенти. (Фото: Лекарска комора)

    Лекарската комора потпиша Меморандум за соработка со осум здруженија на пациенти, а приоритена активност ќе заедничко вклучување во процесот на измени и дополнување на Позитивната листа на лекови, соопшти Комората.

    Документот во име на Комората го потпиша претседателката проф. д-р Калина Гривчева-Старделова со претставници на здруженијата за бубрежно болни „Нефрон“, за ретки болести „Живот со предизвици”, за хронична миелоична леукемија, за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Хепар центар Битола, Сојузот на здруженија на дијабетичари, здруженијата на пациенти со рак и нивни негуватели „ХЕМА-ОНКО” и за помош и поддршка на пациентите со гинеколошки заболувања „ФЕМИНА М“.

    Проф. д-р Гривчева-Старделова кажа дека меморандумот е израз на добра волја на двете страна за понатамошна поблиска соработка.

    „Ова е важен настан за сите нас, бидејќи испраќаме јасен сигнал до јавноста дека лекарите и пациентите не се две спротиставени страни, како што тоа најчесто се перцепира, туку напротив, тие се вистински сојузници со заедничка цел, а тоа е овозможување на што подобар третман за пациентите, што е тесно поврзано со обезбедување на подобри условите за работа на докторите“, рече проф. д-р Гривчева-Старделова.

    Меморандумот предвидува заеднички настап пред надлежните институции за предлагање на решенија за прашања од заеднички интерес, ќе се одржуваат и редовни координативни состаноци, а во овие активности ќе може да се приклучат и други здруженија на пациенти кои ги делат истите цели и интереси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира