ВЛАДАТА ОДОБРИ НАД 13 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКА НА ЛЕКОТ „ТРИКАФТА“ ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ

    ВЛАДАТА ОДОБРИ НАД 13 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКА НА ЛЕКОТ „ТРИКАФТА“ ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИОд протестите на Асоцијацијата за цистична фиброза изминатава зима, на кои бараа обезбеди лекот „трикафта“. (Фото: К. Попов)

    Владата одобри 13 милиони 800 илјади евра (854 милиони денари) за набавка на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза за следните две години. Ова се дополнителни пари, на веќе одобрените од Министерство за здравство, а кои ќе се користат од март 2024, како посебна програма за пациентите со цистична фиброза.

    На 22 ноември, Министерството соопшти дека одобрило дополнителни 1,6 милиони евра (100 милиони денари) за обезбедување на лекот „кафтрио“ („трикафта“) во комбинација со „калидеко“ за дополнителни пациенти со цистична фиброза. Со тие пари што веќе се одобрени за Детската клиника, ќе се обезбеди лекот за до март 2024, а со денешните одобрени од Владата, за следните две години.

    Како што велат од Министерството за здравство, одулуката е усвоена на денешната седница на Владата.

    „Министерството за здравство е задолжено да достави до Владата предлог програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза, за 2024 година. Лекот е одобрен од Европската медицинска агенција, а ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза на возраст над 6 години“, велат од Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира