ГЕРМАНИЈА Ѝ ГО ИСПОРАЧА НА ИТАЛИЈА 21-ГОДИШНИОТ ИТАЛИЈАНЕЦ КОЈ БРУТАЛНО ЈА УБИ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА

    ГЕРМАНИЈА Ѝ ГО ИСПОРАЧА НА ИТАЛИЈА 21-ГОДИШНИОТ ИТАЛИЈАНЕЦ КОЈ БРУТАЛНО ЈА УБИ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКАПо еднонеделна потрага, телото на 22-годишната Џулија Чекетин било пронајдено во ендек, завиткано во црни пластични кеси со 22 убода од нож. (Фото: Би-Би-Си)

    21-годишниот Италијанец обвинет дека ја убил својата поранешна девојка во случајот што ја шокираше земјата, денеска е екстрадиран од Германија назад во Италија. Филипо Турета беше вратен во Венеција со воен авион, една недела откако беше уапсен од германската полиција на автопат во близина на источниот германски град Лајпциг.

    Смртта на 22-годишната Џулија Чекетин се најде на насловните страници во Италија и покрена голема дебата во земјата за насилството врз жените. Изминативе неколку дена имаше демонстрации во многу италијански градови. Во училиштата и универзитетите имаше едноминутно молчење. Денеска, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата, на многу места беа штракани приврзоци за клучеви во знак на протест за фемицид или убиство на жени поради нивниот пол.

    На 11 ноември – неколку дена пред 22-годишната Чекетин да ја добие својата диплома по биомедицински инженеринг – таа отишла да купи облека за дипломската со нејзиното поранешно момче Турета. Потоа, парот исчезна. Неколку дена подоцна, се појавија снимки од надзорните камери кои ги прикажуваат последните моменти од нејзиниот живот. Според истражниот судија, Турета може да се види како ја тепа својата поранешна партнерка на паркинг блиску до нејзината куќа во Вигоново, во близина на Венеција.

    Таа се обидела да избега, но обвинителите велат дека тој ѝ ставил селотејп на устата, насилно ја внел во својот автомобил и се возел во индустриска зона, каде повторно ја нападнал. По еднонеделна потрага, нејзиното тело било пронајдено на дното на ендек, завиткано во црни пластични кеси. Нејзините останки имаа знаци на брутално убиство – главата и вратот и беа покриени со најмалку 20 длабоки убоди. Се верува дека таа починала ноќта на 11 ноември.

    21-годишникот е обвинет за убиство на студентката пред две недели по состанокот. Осомничениот убиец побегнал од земјата, но бил уапсен откако му се расипал автомобилот во Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира