ЛАВРОВ НАЈАВИ ДОАЃАЊЕ НА САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

    ЛАВРОВ НАЈАВИ ДОАЃАЊЕ НА САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕЛавров вели дека неколку западни земји побарале средба со него (Фото: ТАСС)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ќе дојде на самитот на ОБСЕ во Скопје ако Бугарија го отвори својот воздушен простор, додавајќи дека некои западни земји побарале да се сретнат со него.

    „Бугарија наводно ѝ ветила на Северна Македонија дека ќе го отвори својот воздушен простор. Ако се случи тоа, ние ќе бидеме во Скопје. Ќе видиме. Веќе имаме неколку барања за средби, вклучувајќи од западни претставници“, кажа Лавров на прес-конференција во Москва.

    Тој се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на самитот на Г20 минатата година.

    „Ако некој ни пристапи, ние никогаш не бегаме, ниту се криеме“, додаде Лавров.

    Министрите за надворешни работи на членките на ОБСЕ ќе се соберат на самит во Скопје на 30 ноември и 1 декември.

    Бугарија го затвори својот воздушен простор за руските авиони како дел од европските санкции за Русија по почетокот на инвазијата на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира