ПУТИН ГИ ПОВИКА РУСИНКИТЕ ДА РАЃААТ СЕДУМ, ОСУМ И ПОВЕЌЕ ДЕЦА ЗА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НАТАЛИТЕТОТ

    ПУТИН ГИ ПОВИКА РУСИНКИТЕ ДА РАЃААТ СЕДУМ, ОСУМ И ПОВЕЌЕ ДЕЦА ЗА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НАТАЛИТЕТОТСе верува дека Путин има шест деца од три жени (Фото: Гети)

    Владимир Путин побара од руските жени да раѓаат седум, осум и повеќе деца за да се запре падот на наталитетот во земјата. Предупредувајќи дека катастрофалните руски демографски проблеми не можат да се решат со повеќе пари, бенефиции и социјални плаќања, Путин ги повика Русите да имаат повеќе деца, обраќајќи се преку видеолинк на Светскиот руски народен совет.

    „Многумина од нашите луѓе ја одржаа традицијата на семејство со четири, пет и повеќе деца. Сетете се дека нашите баби и прабаби имале по седум-осум деца. Ајде да ги зачуваме и оживееме тие традиции. Имањето многу деца, големо семејство, би требало да биде норма, начин на живот за сите во Русија. Семејството не е само основата на државата и општеството, туку и духовен феномен“, изјави Путин.

    Се верува дека Путин има шест деца од три жени, иако јавно има признато дека е татко на две ќерки.

    Многумина сметаат дека војната во Украина е причината за намалениот наталитет и за поголемата стапка на смртност во Русија. Руското население се намалило за околу 550.000 луѓе во првата година од инвазијата на Украина и Путин од Русите бара голема промена во пристапот, бидејќи сегашниот просек во земјата е 1,42 деца по семејство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира