ПРОДОЛЖИ ОФАНЗИВАТА НА ИЗРАЕЛ, БОМБАРДИРАНИ ЦЕЛИ ВО ЈУЖНА ГАЗА

    ПРОДОЛЖИ ОФАНЗИВАТА НА ИЗРАЕЛ, БОМБАРДИРАНИ ЦЕЛИ ВО ЈУЖНА ГАЗАОколу 2 милиони луѓе, речиси целата популација на Газа се собрани во јужниот дел на територијата, каде што Израел ги повика локалните жители да се преместат на почетокот на војната. (Фото: ДПА)

    Израел бомбардираше цели во јужна Газа во саботата наутро, интензивирајќи ја обновената офанзива по еднонеделното примирје. Нападите беа сконцентрирани во областа Кан Јунис во јужна Газа, каде што израелската војска претходно фрли летоци со предупредување до жителите да си заминат.

    Но, засега, според ОН, нема извештаи дека голем број луѓе си заминале.

    „Нема каде да одиме“, вели Палестинецот Емад Хаџар, кој побегна со сопругата и трите деца од северниот град Беит Лахија во Кан Јунис пред месец дена.

    Околу 2 милиони луѓе, речиси целата популација на Газа се собрани во јужниот дел на територијата, каде што Израел ги повика локалните жители да се преместат на почетокот на војната.

    Тие не можат да излезат од Газа во соседниот Египет, ниту да одат на северот на Газа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира