ПУТИН ГИ ПРИМИ НОВИТЕ АМБАСАДОРИ ВО РУСИЈА СТОЕЈЌИ НА ГОЛЕМО РАСТОЈАНИЕ ОД НИВ ОД САНИТАРНИ ПРИЧИНИ

    ПУТИН ГИ ПРИМИ НОВИТЕ АМБАСАДОРИ ВО РУСИЈА СТОЕЈЌИ НА ГОЛЕМО РАСТОЈАНИЕ ОД НИВ ОД САНИТАРНИ ПРИЧИНИНовите амбасадори го слушаа говорот на Путин застанати на другата страна од големата просторија (Фото: Кремљ)

    Владимир Путин од санитарни причини застана на значително растојание од 20-ина нови странски амбасадори во Русија, во сцена што потсети на пандемијата на коронавирусот. На церемонија во Кремљ, Путин ги прими акредитивите на новите амбасадори, меѓу кои и на Велика Британија, при што изрази надеж дека ќе се подобрат односите помеѓу Москва и Лондон.

    Да се надеваме дека ситуацијата ќе се промени на подобро во интерес на нашите земји и народи“, кажа Путин.

    Новите амбасадори го слушаа говорот на Путин застанати на другата страна од големата просторија.

    За жал, од санитарни причини, не можеме повеќе да разговараме и да се дружиме. Се надевам дека ќе дојдат подобри времиња, не само во политиката, туку и во здравствената грижа“, изјави Путин.

    За време на ковид-кризата, Путин се среќаваше со западните лидери на огромна маса, на која беа седнати на големо растојание.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира