ОДЗЕМЕНИ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА УШТЕ ДВЕ УЧИЛИШТА

    ОДЗЕМЕНИ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА УШТЕ ДВЕ УЧИЛИШТАСо ова, во три училишта Општината не може да го избере директор во школите. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за образование и наука (МОН) ѝ ги одзеде ингеренциите на Општина Битола да назначи директори во уште за две училишта, и тоа Средното технишко училиште „Ѓорги Наумов“ и Основното училиште „Климент Охридски“. Со ова, во три училишта Општината не може да го избере директор во школите. Пред две недели тоа беше случај и со основното училиште „Александар Турунџев“ во битолското село Кукуречани.

    Коњановски вели дека ова се случува во период кога во училиштата течат конкурси за избор на директор и дека МОН води битка кој да го назначи првиот човек на школите, наместо да се реашава финансирањето на училиштата што станува проблем во последно време.

    „Точно земени се ингеренциите во делот на назначување на директор. Ова е проблем што го има и во другите градови. Притисокот е огромен, можеби не толку од министерот колку што е од останатите во министерството, пред сѐ мислам на државниот секретар. Во атакот врз образованието Битола можеби е еден од целните градови да се покаже некаква неактивност. Ние многу се трудиме во образованието и тоа ни е врвен приоритет“, рече градоначалолникот Тони Коњановски.

    Министерот за образование Јетон Шаќири денес повторно изјави дека се одземаат ингеренции за да нема политичко влијание врз вработувањата во битолските училишта.

    „Постапуваме според законот, а Општина Битола има неколку записници од Просветен иснпекторат во делот на вработување на наставниот кадар, таму има проблематична ситуација зашто наставен кадар кој е пред трансформација на работниот однос не е веќе на работните места. Затоа е постапено според тоа што дозволува Законот за средно образование. Запознаена е Општината и ја повикувам да ги почитуваат законите и да нема политичко вијание врз врбаотувањето“, рече Шаќири.

    Во меѓувреме, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски соопшти дека има недоразбирања со Министерството и во делот на исплатата на К-15 во битолското образование.

    „На седницата на 9 ноември правевме ребаланс на буџетот. Советниците едногласно прифатија дека 9,2 милиони денари треба да издвои Општината сама за да се испчати К -15 за основното образование. За сите 2000 лица тоа е 10 милиони денари. Нас државата ни даде 800 000 денари, ние го обезбедивме остатокот благодарение на Советот и ги имаме како средства во буџетот. Но, преку неформална комуникација нашата раководителка на финансии е известена дека МОН планира тоа да го блокира зашто не било возможно К-15 да го исплатиме со сопствени средства. Ако имаше технички пречки тоа требаше претходно да го кажат “, рече Димитровски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира