ЗЕЛЕНСКИ СЕ СООЧИ СО ОРБАН ПРЕД КЛУЧНАТА НЕДЕЛА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОМОШ ЗА УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ СЕ СООЧИ СО ОРБАН ПРЕД КЛУЧНАТА НЕДЕЛА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОМОШ ЗА УКРАИНАЗеленски кажа дека разговарал со Орбан искрено колку што е тоа можно (Фото: Телеграм)

    Володимир Зеленски имаше краток и, како што кажа, искрен разговор со Виктор Орбан на инаугурацијата на новиот аргентински претседател Хавиер Милеј, во пресрет на клучната недела за обезбедување нова воена помош за Украина.

    Разговарав со Виктор Орбан искрено колку што е тоа можно. Јасно е дека разговаравме за европски прашања“, напиша Зеленски на Телеграм.

    Орбан не само што отворено се противи на европските аспирации на Украина, туку се обидува и да ја блокира новата финансиска помош за Киев.

    Зеленски утре оди за Вашингтон, во обид да го спаси пакетот од над 60 милијарди долари, што републиканците во Сенатот го блокираа минатата недела и за чие изгласување останува сѐ помалку време. Џо Бајден ги притиска конгресмените да ги одобрат средствата, но тие се заглавени во домашната, меѓупартиска политика.

    Тоа ќе биде втората посета на Зеленски на Белата куќа од почетокот на руската инвазија, по онаа во септември минатата година. Се очекува Зеленски да се сретне и со спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

    Пакетот од над 100 милијарди долари, кој вклучува и помош за Израел и Тајван, е заглавен во Конгресот зашто републиканците бараат повеќе пари за домашната безбедност на американско-мексиканската граница.

    В четврток, лидерите на Европската Унија ќе се сретнат во Брисел, со надеж дека барем ќе го одобрат формалниот почеток на пристапните преговори со Украина, што е проследено со пакет финансиска помош од 50 милијарди евра. Сепак, Виктор Орбан се закани дека ќе ги спречи двете работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира