ДОЦНИ ПЛАТАТА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ТЕТОВО, ОПШТИНАТА ВЕЛИ ИМА ТЕХНИЧКА ГРЕШКА

    ДОЦНИ ПЛАТАТА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ТЕТОВО, ОПШТИНАТА ВЕЛИ ИМА ТЕХНИЧКА ГРЕШКАВо рамки на Општина Тетово има 12 основни училишта. (Фото: СДК.МК)

    Платите на наставниот кадар во основните училишта во Општина Тетово досега се исплаќал најдоцна до 15. во месецот, но овој декември платите доцнат веќе 5 денa. Според Синдикатот на вработените во образовните установи, платите доцнат само во Општина Тетово, додека училиштата во останатите општини во регионот веќе ги зеле личните доходи.

    „Петти ден како наставниците и вработените во основните и училишта на подрачјето на Општина Тетово ја очекуваат платата за ноември. Наставниците од основните и средните училишта во рамки на Општина Тетово редовно се соочуваат со доцнење на платите, односно не ги добиваат платите до 15. во месецот. Сега со платите се доцни пет денови, најмногу досега, а знаеме дека во другите рурални општини и средни училишта вработените добиле плати“, вели Зоран Грковски од Синдикатот за образование и наука во Тетово.

    Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, под чија надлежност се училиштата во Тетово, потврдуваат дека доцни исплатата на личните доходи.

    „Има некоја техничка грешка направена во некои од училиштата и поради тоа нема исплата. Сега се консултираме како да го средиме проблемот и да добијат плата наставниците и вработените. Мислам дека ќе се реши во текот на оваа недела“, изјави Назми Даути, раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

    Во рамки на Општина Тетово има 12 основни училишта.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира