ЌЕ ГО НАДГРАДИМЕ НАШИОТ НУКЛЕАРЕН АРСЕНАЛ, НО СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА УКРАИНА, КАЖА ПУТИН

    ЌЕ ГО НАДГРАДИМЕ НАШИОТ НУКЛЕАРЕН АРСЕНАЛ, НО СПРЕМНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА УКРАИНА, КАЖА ПУТИНПутин ја обвини Америка дека ја искористува Европа за свои интереси (Фото: АП)

    Владимир Путин изјави дека Русија е спремна да разговара со Киев, САД и Европа за иднината на Украина ако таа сака, но притоа ќе ги брани своите национални интереси.

    Путин постојано нагласува дека сака да разговара за мир, но некои западни функционери велат дека тој ќе ги чека претседателските избори во САД следната година пред да преземе нешто навистина.

    Дали Украина, САД и Европа сакаат да преговараат? Ајде, но ќе го направиме тоа врз основа на нашите национални интереси. Ние нема да се откажеме од нашите“, изјави Путин на средбата со челниците на руската војска.

    Русија контролира околу 17,5% од меѓународно признатата територија на Украина, но само делови од четирите региони кои незаконски ги анектираше минатата година.

    Путин ја обвини Америка дека ја искористува Европа за свои интереси и нагласи дека Русија не планира нова војна во Европа.

    Пропаднаа сите обиди да ѝ се нанесе стратешки пораз на Русија. Ќе го надградиме нашиот нуклеарен арсенал и ќе ги задржиме нашите стратешки сили на највисокото ниво на готовност додека западот води хибридна војна против Русија“, порача Путин.

    На истата средба, министерот за одбрана Сергеј Шојгу кажа дека руската воена индустрија побрзо реагирала на војната во Украина од западната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира