Јордан Симоновски, сопственикот на фотографското студио „Фото Трајче“ од Штип, не ја доживеа промоцијата на книгата за ова фотографско семејство и на изложбата фотографии што тој ги најави на 14 декември, еден ден пред да почине. Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип синоќа се отвори изложба на 1.600 фотографии за значајни настани и личности во Штип во изминатите сто години снумени во црно-бела техника, а од поновото време современи фотографии во боја и дигитална комбинација.
Зборувајќи за долгодишниот фотографски живот на Симоновски, професорот Кирил Барбареев рече дека постојат луѓе кои со своите дела идеи и уверувања и со своите однесувања се актуелни за секоја средина и секоја епоха.
„Иако фотографијата, на пример кога станува збор за портрет, објективно го прикажува изгледот на човекот, сепак таа е успешна само доколку прикажувајќи ја неговата надворершност успее да ја долови и неговата внатрешност, оти подобно на иконата и фреската, фотографијата не го прикажува само изгледот на телото, на предметот или на природата, туку ги одразува и чувствата, духовната и душевната состојба на фотографираните луѓе“, рече поглаварот на МПЦ Стефан.
На фотографскиот дизајн на книгата, заедно со авторот на книгата „Фото Трајче“, како и на дигитализацијата на над 1.600 фотографи работеше и штипскиот историчар и фотографски аналитичар и арихивар Александар Донски. Тој ги пренесува зборовите на Јордан Симоновски дека има за обработка најмалку десет илјади фотографии, и додаде дека секое семејство има своја историја која треба да биде овековечена.
Т. ЈОВАНОВСКИ