ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА ПРЕСУДИ ДЕКА ФИФА И УЕФА НЕ СМЕЕЛЕ ДА ЈА ЗАБРАНАТ ЕВРОПСКАТА СУПЕРЛИГА

    ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА ПРЕСУДИ ДЕКА ФИФА И УЕФА НЕ СМЕЕЛЕ ДА ЈА ЗАБРАНАТ ЕВРОПСКАТА СУПЕРЛИГАКога беше најавен во април 2021, проектот предизвика гнев кај фудбалските фанови (Фото: Гети)

    Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека УЕФА и ФИФА не смееле да им забранат на клубовите да се придружат на проектот Европска Суперлига (ЕСЛ), додавајќи дека двете фудбалски федерации ја злоупотребиле својата доминантна позиција. Ова следува откако ЕСЛ и нејзините поддржувачи ги тужеа УЕФА и ФИФА за кршење на законот за натпреварување, заканувајќи им се со казни на оние кои ќе се придружат на новата лига.

    Од судот додаваат дека ова не значи дека одметнатата лига мора нужно да биде одобрена.

    Во извештајот на судот се вели дека кога „новите натпреварувања потенцијално влегуваат на пазарот, ФИФА и УЕФА мора да се погрижат нивните овластувања да бидат транспарентни, објективни, недискриминаторски и пропорционални“.

    Овластувањата на ФИФА и УЕФА не подлежат на такви критериуми. Според тоа, тие ја злоупотребиле својата доминантна позиција. Покрај тоа, нивните правила за одобрување, контрола и санкции мора да се сметаат за неоправдани ограничувања на слободата на давање услуги“, стои во пресудата на ЕСП.

    Сагата со Европската Суперлига почна во април 2021, кога 12 клубови, од кои половина англиски, потпишаа договор за учество во ново натпреварување. По гневните реакции на фановите, другите европски лиги, па дури и влади, плановите за лигата почнаа да пропаѓаат по само 72 часа, кога некои учесници објавија дека се повлекуваат од проектот. УЕФА притоа ги казни шесте англиски екипи, Интер, Милан и Атлетико Мадрид.

    ЕСЛ не беше откажана во целост, при што Реал Мадрид и Барселона останаа заинтересирани за нејзино продолжување.

    А22“, компанијата која стои зад лигата, веднаш по пресудата претстави нов предлог за машко и женско фудбалско натпреварување со 64, односно со 32 екипи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира