НАЈМАЛКУ 10 УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО НА ФАКУЛТЕТ ВО ПРАГА, ДЕВЕТМИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

    НАЈМАЛКУ 10 УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО НА ФАКУЛТЕТ ВО ПРАГА, ДЕВЕТМИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИПолицијата претходно соопшти дека напаѓачот е елиминиран (Фото: АП)

    Чешките итни служби потврдија дека десет луѓе се убиени во денешното пукање во Прага, а 11. жртва е напаѓачот, чиј идентитет засега не е откриен. Пукањето се случи на факултет во самиот центар на Прага.

    Единаесет луѓе се мртви, вклучувајќи го напаѓачот, а 24 се ранети, од кои девет сериозно“, објавија итните медицински служби на Прага на социјалната мрежа Икс.

    Полицијата претходно соопшти дека напаѓачот е елиминиран и дека плоштадот Јан Палах и околната област се затворени за движење. Пукањето се случи на Факултетот за уметности на Карловиот универзитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира