Една жена загина, а две се повредени откако голема божиќна елка падна во белгискиот град Оуденарде, потврдија властите.
Снимките од безбедносните камери што ги објавија белгиските медиуми покажаа како силно осветлена 20-метарска елка полека се навалува, пред да падне покрај локалниот божиќен пазар. Портпаролот на провинцискиот обвинител изјави дека жртвата е 63-годишна жена од Оуденарде. Уште две жени од истиот град се полесно повредени.
„Истрагата се фокусира на тоа дали елката било безбедно поставена и дали временските прилики имале свое влијание“, кажа портпаролот.
Бурата Пија, која вчера го наруши сообраќајот во Велика Британија и Холандија, помина и низ западна Белгија.