Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, е жив и се наоѓа во казнена колонија во Сибир, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш.
„Го најдовме Алексеј Навални“, изјави таа, додавајќи дека е затворен во северна Русија.
Неговиот тим немаше контакт со Навални од 6 декември, кога беше префрлен од претходниот затвор во Мелехово, 235 километри источно од Москва. Навални се наоѓа во затвор од 2021.
„Неговиот адвокат се видел со него денеска. Алексеј е добро“, кажа Јармиш.
Новиот затвор на Навални, ИК-3 наречен и „Поларен волк“, се смета за еден од најстрогите во Русија. Најголем дел од тамошните затвореници се осудени за најсериозните злосторства.
„Оваа колонија е една од најзафрлените во Русија, со тешки услови“, изјави соработникот на Навални, Иван Жданов.
Навални во август беше прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистичка организација, за што доби уште 19 години затвор. Тој претходно беше осуден на девет години затвор за прекршување условна казна, измама и за непочитување на судот.