Рускиот опозиционер Алексеј Навални преку социјални мрежи им кажа на своите поддржувачи да не се секираат за него. Toj првпат се обрати од 6 декември, потврди дека се наоѓа во затвор на Арктикот и вели дека е добро.
Неговиот тим изгуби контакт со него додека беше преместуван од еден во друг затвор. Навални, најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, е во затвор од 2021 година.
Пишувајќи на мрежата „Икс“, Навални кажа дека е „новиот Дедо Мраз“, потврдувајќи дека е преместен во затворот „ИК-3“, познат како „поларен волк“, во северниот град Карп, 1.900 километри североисточно од Москва.
„ИК-3“ се смета за еден од најтешките затвори во Русија и најголем дел од затворениците таму се осудени за сериозни кривични дела.
„Ми кажаа дека сте ме изгубиле, и некои од вас беа загрижени. Ви благодарам многу за поддршката! Не секирајте се за мене. Добро сум“, кажа Навални.
Навални претходно беше затвор во Мелехово, 235 километри источно од Москва. Тој е осуден на 19 години затвор за основање и финансирање на екстремистичка организација, обвинувања кои тој ги отфрла како политички мотивирани.