Најмалку четири луѓе се убиени и 12 други се повредени по пукањето во ноќниот клуб „Блу перот“, во мексиканскиот град Плаја дел Кармен, за време на музичкиот фестивал „Би-Пи-Ем“, соопштија организаторите.
Според соопштението на организаторите на фестивалот, тројца од загинатите се членови на обезбедувањето, а нападот бил дело на еден вооружен напаѓач.
Плаја дел Кармен е популарно туристичко место кое се наоѓа на 70 километри од Канкун, а таму деновиве се одржува музичкиот фестивал „Би-пи-ем“.
Бројни полициски и екипи на итната помош се на местото на пукањето.