ПРИВЕДЕН ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ, ПОЛИЦИЈАТА МУ НАШЛА 750 ПЕТАРДИ ВО КОЛАТА

    ПРИВЕДЕН ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ, ПОЛИЦИЈАТА МУ НАШЛА 750 ПЕТАРДИ ВО КОЛАТАОд МВР велат Д. А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок (Фото: СДК.МК)

    Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, е уапсен вечерва откако го фатиле со петарди. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вечерва во 19:50 часот на улицата Самуилова во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д. А. (25) од Зајас, Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 750 пиротехнички средства.

    „Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

    25-годишниот Дрин Ахмети летово стана газда на ТЦ „Соравија“ во центарот на Скопје. Откако во јавноста се објави информацијата дека станува газда на „Соравија“, одржа прес-конференција на која кажа дека не го купува сам деловниот центар, туку во оваа зделка влегува со албанскиот бизнисмен Владимир Пјетерѓокај. Тој кажа дека компанијата има долг од 20 милиони евра кон банките, што целосно ќе го преземат.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира